| четврток, 6 декември 2018 |

Маша и Серена ќе играат за титулата на Отвореното првенство на Австралија

serena vilijams

Серена Вилијамс и Марија Шарапова се пласираа во финалето на првиот грaнслем-турнир оваа сезона, Отвореното првенство на Австралија.
Првиот светски рекет Серена Вилијамс во полуфиналето за помалку од 90 минути ја победи сонародничката Медисон Кис со 2-0 (7-6, 6-2) во сетови.
Двете тенисерки во првиот сет направија по еден брејк на сервис на противникот, па така мораше да се игра тајбрејк кој го доби постарата Американка. Во вториот сет целосна доминација на Серена. По два брејка и дури девет меч-топки, успеа да слави и заслужено се пласираше во финалето.

marija sharapova

Противничката на Серена Вилијамс во финалето ќе ѝ биде Русинката Марија Шарапова која во руското полуфинале ја совлада сонародничката Екатерина Макарова убедливо со 2-0 (6-3, 6-2) во сетови.
Макарова немаше никакви шанси за победа против расположената Шарапова, која е втор светски рекет.
Во финалето ќе играат двете најдобри тенисерки во светот, а Шарапова со евентуална победа може да се искачи на првото место бидејќи разликата меѓу нив е само 700 бода.

Финалето е закажано за 9.30 часот в сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top