Во трката за услугите на германскиот репрезентативец во редовите на Челси Андре Ширле се замеша и првиот човек на клупата на „Милионерите“ од Дормунд Јирген Клоп.
Ширле се поверојатно ќе го напушти лондонскиот клуб во зимскиот преоден рок, а за неговите услуги најзагреан е тимот на Волфсбург кој сака да ги засили своите редови за пролетниот дел од сезоната.
Тренерот на Челси Жозе Мурињо најави дека до крајот на сезоната ќе игра со проверен состав и со фудбалери на кои најмногу и верува, а Ширле не влегува во тие комбинации. Германецот не сака да седи на клупата и сака да ги напушти „сините“ од Лондон.
Во трката за овој фудбалер влегува и Борусија Дортмунд која сака да најде соодветна замена за Марко Ројс кој секако си заминува од клубот на крајот на оваа сезона.
Тренерот на Борусија Јирген Клоп во Ширле гледа фудбалер кој има слични карактеристики со Ројс и би бил одлична замена за него.
Борусија Дортмунд се надева дека ќе го привлече вниманието на играчот и заедно со него ќе се обиде да го избегне дното на табелата во Бундес лигата и да се прикаже во што подобро светло во продолжението од Лигата на шампионите.
Волфсбург веќе ги отпочна преговорите, а за Ширле понуди 25 милиони фунти, но Челси не сака да слушне за помалку од 30 бидејќи со тие пари сака да го ангажира Квадрадо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


