Одлична финта приредија навивачите на македонската репрезентација во финишот на мечот против Австрија, кога веќе беше познато дека повторно ќе славиме победа над редовниот муштерија.
Припадниците на македонската фаланга си читаа весници, на симпатичен начин порачувајќи им на Австријците дека веќе станува досадно да ги победуваме. Претходно во квалификациите за СП 2012 го елиминиравме денешниот противник во два бараж дуели, а потоа бевме подобри и лани во Хернинг, Данска на ЕП.
Третата победа е еднакво важна, ни го донесе второто место во Б групата, а штосот на нашите навивачи беше светски и изнуди насмевки кај сите што го видоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



