„Сеат“ во март минатата година на Саемот за автомобили во Женева ги претстави „купра“ со 264 коњски сили и „купра“ со 280 коњски сили со три и со пет врати. Една година подоцна на истиот саем ќе биде претставена и караванската изведба, која ќе биде достапна во двете верзии и ќе ја придвижува бензински мотор со 2,0 литри, четири цилиндри и со турбополнач. Обртниот момент и кај двете верзии изнесува 350 њутн-метри.
Најбрзата верзија со шестстепен мануелен менувач од 0 до 100 километри на час забрзува за 6,1 секунди, додека со автоматски менувач таа брзина се постигнува за шест секунди. Максималната брзина кај двата модела е ограничена електронски на 250 километри на час.
Новиот „сеат леон СТ купра“ во стандардна опрема доби систем (Dynamic Chassis Control) кој за неколку милисекунди се приспособува на условите на патот и со блокада на предниот диференцијал се добива подобрено управување и задржување на правецот.
Бандажите од 18 инчи се стандардни кај основниот модел на „леон СТ купра“, а верзијата од 280 коњски сили доби 19-инчни тркала. Оваа верзија доби и спојлер на покривот, потпис шепата на сопирачките, црни ретровизори, а во внатрешноста се ставени црни и хромирани делови со висок сјај.
Двете верзии на новиот автомобил имаат фарови со ЛЕД, задни светилки со ЛЕД, седишта со алкантара кожа, амбиентално осветлување со ЛЕД, како и мултимедијален систем со екран во боја осетлив на допир.
Се очекува моделите да излезат на пазарот во првата половина на 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст