Без разлика што вљубеноста меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер трае релативно кратко, очигледно е дека прераснала во љубов. За тоа говори и последниот потег на германскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен. Тој на своите нови копачки дизајнирани од „Адидас“, покрај омилените броеви 31 и 7 (броевите на дресовите во Баерн и во германската фудбалска репрезентација), го додаде и српското знаме и зборот „душо“, како впрочем го именува неговата девојка, преубавата српска тенисерка Ана Ивановиќ.
Сето тоа е напишано на левата копачка, додека, пак, на десната стои знаемето на Германија како и 05.09.2014, датумот кога тие ја почнале нивната љубовна романса.
Претходно тој на стариот модел на копачки го имаше напишано името на неговата претходна девојка Сара, но го пречкрта по запознавањето со Ана Ивановиќ.
„Српскиот зет“ по овој потег сигурно ќе стане омилен кај љубителите на фудбалот во Србија дури и кај оние што не навиваат за Баерн Минхен или за германската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



