| четврток, 6 декември 2018 |

Андреев и Контрадјук го фатија крстот во Карпош

karpos-vodici

Кристијан Андреев од населбата Нерези од општина Карпош и  Милан Контрадјук од општина Ѓорче Петров оваа година го фатија крстот во водите на реката Вардар во рамки на одбележувањето на празникот Водици во Општина Карпош.

Манифестацијата ја следеа околу 5.000 посетители, а по светиот крст  скокаа околу 50-тина верници.

Железниот мост на Вардар на „границата“ меѓу Карпош и Ѓорче Петров, е местото каде што секоја година жителите на двете општини се среќаваат и го чествуваат овој голем празник.

Кумот на манифестацијата Марјан   Ивановски од општина Карпош им честиташе на двајцата верници и им подари телевизори. Потоа стариот и новиот кум Диме Спасов се упатија кон кујната на црквата „Св. Пантелејмон“ во Нерези каде се даваше пригоден ручек.

На традиционалното фрлање на крстот присуствуваше и Стевчо Јакимовски, градоначалникот на општина Карпош, која го помогна одбележувањето на Водици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top