| четврток, 6 декември 2018 |

Муницијата користена во нападите во Париз произведена во БиХ

Босанскиот заменик­министер за одбрана Живко Марјанац изјави дека муницијата употребена од терористите во нападите во Париз била произведена во Босна и Херцеговина, но нагласи дека не може да се каже дека таа во Франција стигнала од БиХ.
­

На една од чаурите имаше ознака „ИК Коњиц 1986“. Тоа е компанијата „Игман Коњиц“. Но „Игман Коњиц“ беше дел од поранешната ЈНА, што значи дека муницијата биле дистрибуирана од Словенија до Македонија, ја цитира неговата изјава весникот „Дневни аваз“.

Тој ја отфрли можноста терористите да ја добиле муницијата од воените складишта на БиХ.
­

Не се знае од каде дошла муницијата, но се знае дека е произведена во БиХ, додаде Марјанац.
Тој изјави дека секој можел да ја продаде мунцијата и додаде дека „Игман Коњиц“ се уште извезува оружје за САД.

Седумнаесет лица беа убиени во нападите во Париз минатата недела, од кои 12 во нападот врз редакцијата на „Шарли ебдо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top