Јануари обично е еден од најстудените зимски месеци. Тоа, во комбинација со минатите празници, враќањето во работен ритам често може да предизвика замор, стрес и депресија.
Еве некои начини кои докторите ги препорачуваат за справување со зимскиот замор според “Јаху њуз”.
На прво место во студените месеци треба да се зголеми внесувањето на витамин Д. Поради мрачното време организмот прифаќа значително помалку од него, што може да доведе до здравствени проблеми. Храна богата со витамин Д, е лососот, како и јајцата и печурките. Лекарите советуваат и да се намали кофеинот и шеќерот.
За подобрување на менталната и здравствена состојба помага и физичкото движење. Излегувањето надвор и прошетката се важни, без оглед на ниските температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Sha