
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температурата ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до седум степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Во четврток со преодно наоблачување и умерен северен ветер. Утринските температури во овој период ќе бидат во благ пораст, а дневните ќе бидат без значителни промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


