Германската полиција денеска притворила две лица осомничени за подметнување пожар во зградата на локалниот весник „Хамбургер Моргенпост“ на северот на Германија. Според портаролот на локалната полиција инцидентот се случил денска рано изутрина.
Хамбургер Моргенпост е еден од десетиците германски весници кои што ги објавија карикатурите на француските колеги од Шарли Ебдо поради што 12 луѓе беа убиени во центарот на Париз.
Полицијата во Хамбург сеуште не може да потврди дека постои врска меѓу двата настани но се признава дека инцидентот го истражува државната полицција одговорна за национална безбедност.
Весникот на својот веб сајт објави дека преку прозорците на весникот биле фрлени камења и запалливи материи, но не е предизвикана поголема штета освен неколку досиеја затоа што во тоа време во просториите на весникот немало никој.
Двете уапсени лица според германската полиција се приведени поради сомнителнно однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



