| четврток, 6 декември 2018 |

Таблетите и паметните телефони влијаат врз сонот на децата

Децата кои ги чуваат таблетите и паметните телефони во своите соби помалку спијат од децата чии апарати се надвор од собата, покажуваат резултатите од најновата студија изработена во САД.

Експертите испитале група од две илјади ученици и утврдиле дека оние кои во текот на ноќта држат таблети и паметни телефони во својата соба, спијат 20 минути помалку од врсниците кои апаратите пред спиење ги изнесуваат од собата.
­

Резултатите од студијата треба да послужат како предупредување за родителите, кои треба да го ограничат пристапот до таблетите и паметните телефони во детската спална соба, изјави авторката на студијата, Џенифер Фалб од Универзитетот во Калифорнија.

Научното истражување беше спроведено на деца од 10 до 13 години во американската сојузна држава Масачусетс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top