Специјални сили на полицијата ги ликвидираа денеска осомничените браќа Куаши Шериф и Саид во селото ДамартананГоел, јавија западни медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Акцијата во Данартан ен Гуел почна нешто пред 17 часот, траеше кусо со интензивни истрели и ексползии. Хеликоптер на цивилната заштита се спушти на местото, наверојатно за да им помогне на евентуалните ранети.
Полицијата смета дека тие се одговорни за нападот врз неделникот Шарли ебдо во кој загинаа 12 луѓе извршен завчера.
Во полициска акција убиен беше и киднаперот кој држеше заложници во супермаркет во источниот дел од Париз. За него полицијата соопшти претходно дека е поврзан со осомничените за убиството во францускиот неделник.
Според полициски извори, ослободен е заложникот од печатнициата во ДамартананГоел. Ослободени се и неколкуте заложници од супермаркетот во Порт де Вансан во источниот дел од Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож


