Српскиот репрезентативец Мирослав Радуљица официјално се враќа во НБА лигата, но само на 10 дена.
Минесота денеска објави информација дека потпишала десетдневен договор со српскиот „џин“ кој од Кина се враќа во НБА.
Во периодот од десет дена Радуљица треба да го замени првиот центар на тимот Никола Пековиќ кој е повреден и ќе треба да се врати на терените токму по овој период. Тој ќе добие шанса да се докаже кај тренерот Сондерс и да се избори за перманентен договор до крајот на сезоната.
Радуљица е еден од најзаслужните за второто место на минатото светско првенство на српската репрезентација.
Во минатата сезона познатата српска „брада“ настапуваше за Милвоки Бакс и имаше просечен учинок од 3,8 поени, 2,3 скока за нешто помалку од 10 минути игра.
Во продолжение од сезоната се очекува двајцата поранешни играчи на Партизан, Пековиќ и Радуљица да докажат дека можат да функционираат заедно да бидат вистински бедем под кошевите за што подобра сезона на Минесота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


