Годинешното издание на релито „Дакар 2015“ ја зема првата жртва. Организаторите соопштија дека полскиот мотоциклист Михал Херник го загубил животот за време на специјалот Сан Хуан – Чилесито.
Вчера во раните утрински часови организаторите го изгубиле сигналот од возилото на Херник и откако тој не пристигнал на целта во предвиденото време почна потрагата по него. За жал исходот беше трагичен.
– Ќе спроведеме истрага за причините на несреќата, но можеме да кажеме дека на неговото тело немаше траги од видливи повреди, се вели во соопштението на организаторите на „Дакар“.
39-годишниот Полјак две години се подготвуваше за својот дебитантски настап на најопасното светско рели.
Ова е вкупно 24 жртва на учесник на релито од 1979 година наваму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



