
Трендот на здрава исхрана сè повеќе се шири меѓу луѓето, па во таа насока постојано се наоѓа замена на калоричните и штетни производи со помалку калорични и нештетни. Во контекст на тоа, во светот стана вистински хит одгледувањето стевија, грмушесто растение познато и како сладок лист или шеќерен лист бидејќи правот добиен со екстракција од листовите е околу 300 пати посладок од обичниот шеќер, а самите листови на растението се 35-45 пати послатки.
Одгледувањето стевија во Македонија е малку застапено во организирана форма, па токму тоа ја крева неговата цена. Една садница од стевија може да се набави за 20 евра, а 100 грама сушени листови од ова растение на пазарот чинат 13 евра. Од растението се добиваат повеќе берби и, во зависност од големината, може да даде поголема количина листови. Стевија е растение кое потекнува од Јужна Америка и за него во кратко време слушнале многу потрошувачи. Најмногу се зборува за неговата лековитост при многу симптоми, како што се замор, запек, висок крвен притисок, прекумерна тежина, гихт и болки во грлото. Благодарение на клиничките испитувања спроведени во САД, неодамна е откриено дека растението стевијаи сите негови современи форми ја намалуваат зависноста од цигари и од алкохол.
Денес ова растениедоаѓа на пазарот во различни форми, во форма на сушени лисја, во форма на сушени лисја издробени во прав, во течна форма (капки), во пилули погодни за засладување пијалаци, а особено е ценето во кондиторската индустрија како замена на шеќерот бидејќи е поблаг од него, а содржи нула калории. Растението стевија припаѓа на целосно природните препарати, а благодарение на неговата различна и повеќекратна примена сѐ повеќе се класифицира во производите што навистина ни помагаат во одржувањето на здравјето и во подобрувањето на квалитетот на животот. Стевијата ја регулира гликозата во крвта (нејзини слатки состојки се гликозиди, а не јагленохидрати), намалува мачнини, го поттикнува варењето на храната, помага во намалувањето на крвниот притисок, го забрзува заздравувањето на раните и ги ублажува лузните, а има позитивен ефект и кај остеопорозата. Доколку се претера со консумирање, може да се јават несакани ефекти, како мачнини, вртоглавица, главоболка, повраќање или слабост во мускулите. Вообичаено се користи за засладување безалкохолни пијалаци, десерти, сосови, јогурти, сладоледи, житарки, паста за заби, раствори за плакнење на устата и печива, односно во секој рецепт во кој се користи шеќер или замена за шеќер и е единствен природен засладувач кој е безбеден за дијабетичарите како и за сите што внимаваат на својата телесна тежина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


