Познавачите коментираат дека самиот факт што студентите вчера се однесуваа исто како и професорите кои првично прифатија дебата, за веднаш потоа по неколкуминутна политичка консултација да се предомислат и попишманат, значи дека и тие исто како и професорите се координирани од еден ист центар.
Покрај Професорскиот, ниту Студентскиот пленум нема алиби за бегството од дебатата, бидејќи непосредно пред нејзиниот почеток, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вчера јасно стави до знаење дека студентите се добредојдени на дебатата.
-Од самиот формат кој беше предложен за средбата, може да се види дека никаде не постои забрана за присуство на студенти на истата, и доколку Интеруниверзитетската конференција цени дека е потребно тогаш тие слободно можат да вклучат членови на студентите во својата делегација и ние ги охрабруваме тоа да го направат и да вклучат и студенти кои не се согласуваат со реформите и студенти кои дадоа поддршка на истите – рече Ѓорѓиев.
Причините зошто професорите протестираат не се исти со оние на студентите, а сепак ни студентите не влегоа на дебатата. После ова, неминовно се поставува прашањето зошто професорите ги злоупотребуваат студентите? Зошто заеднички настапуваат кога се работи за различни закони, односно различни измени. Тоа што ги засега студентите не ги засега и професорите и обратно.
Сето ова укажува дека и Професорскиот и Студентскиот пленум имаат скриена агенда и се контролирани од еден ист центар. Откако маските паднаа, станува сосема јасно дека таканаречените Пленуми не се ништо друго, туку само опозициски инструменти, чија единствена цел е да ја поддржува политиката и агендата на најголемата опозициска партија, а со тоа наместо во интерес на образованието да дејствуваат во интерес на нејзините тесни политички интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.