| четврток, 6 декември 2018 |

Јоланде Кабау го сели Снајдер на островот?

Холандскиот репрезентативец во редовите на Галатасарај Весли Снајдер најверојатно оваа зима ќе ги смени клупските бои. Најзаинтересиран е италијанскиот гигант Јувентус кој веќе ги започна преговорите со тимот од Босфорот.
Тренерот на актупениот шампион на Италија Алегри токму во Снајдер гледа фудбалер кој треба да ја пополни позицијата во тимот во формацијата која тој ја практикува. Сепак преговорите ги кочат финансиските детали, и би можело многу лесно „Старата дама“ да ја изгуби битката за Снајдер.
Манчестер Јунајтед веќе неколку години наназад се обидува да го доведе Весли во своите редови, но досега повторно финансиите беа проблем.
Сепак новиот тренер Луис Ван Гал тој проблем сега го нема и ќе се обиде да го убеди сонародникот да се пресели на островот.

jolante

Во прилог оди и изјавата на жената на фудбалерот прекрасната Јоланде Снајдер-Кабау која изјави дека време е да ја напушти Турција и преферира да се пресели на некоја аткративна дестинација како што е Англија.
Дали Весли Снајдер ќе попушти на желбите на сопругата, останува да видиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top