Најмалку 26 лица загинаа, а 45 се повредени синоќа при ракетен напад на свадбена веселба во Авганистан, соопшти полицијата.
Ракетата погодила една куќа во провинцијата Хелманд. Авганистанските владини сили во близина се борат против талибанските бунтовници.
Во овој реон се водат жестоки судири откако меѓународната коалиција се повлече од него пред шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


