Во чест на 1.000-годишниот роденден на Прилеп и во пресрет на Новата година денеска напладне на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ беше послужена милениумска роденденска торта. Тортата – „1.000 години Прилеп” која беше подготвена од четирите познати слаткарници: „Алфа”, „Кај Патата”, „Дизниленд Тренд” и „Домини”.
– Во правањето на милениумската торта која се приготвуваше 5 часа учествуваа сите прилепски слаткарници и беа потрошени 5 часа. Беа употребени 1.000 јајца за 1.000 години Прилеп, 200 килограми шеќер, 50 килограми маргарин. Изутрината на плоштадот на минус 9 степени ја украсувавме тортата и ни беше посебно задоволство, изјави прилепскиот слаткар Влатко Патоски.
Тортата тежеше 250 килограми и беше долга 3 метри. Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави присутните граѓани поделувајќи им по парче од милениумската торта, а прилепчани со сласт ги дочекаа празниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



