| четврток, 6 декември 2018 |

Совети за возење во снежни услови

Еве неколку практични совети за возење во снежни услови:
1. Ако не морате, не тргнувајте на пат.
2. Најдобро е да ја имате комплетната зимска опрема.
3. Полн резервоар со гориво. Доколку заглавите на пат, така ќе имате греење во возилото.
4. Држете двојно поголемо растојание од вообичаеното и бидете во готовност бргу да реагирате.
5. Избегнувајте нагли маневри со возилото доколку е можно.
6. Употребувајте моторно сопирање, а со сопирачките само коригирајте ја брзината и не притискајте ги енергично.
7. Понесете вода, суво овошје, чоколадо или друга пакувана високоенергетска храна, како и дополнителна топла облека, ракавици и ќебе. Тоа ќе ви помогне во случај да заглавите на пат. 

8. Сајла за влечење.

Снаоѓањето во вакви услови зависи од индивидуалните способности на возачот, условите на патот, сообраќајот и техничката опременост и исправност на возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top