
Едно од водечките имиња на светската литература и есеистика, Џон Ралстон Сол, претседател на Интернационалниот ПЕН, е деветтиот добитник на Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија за хуманизам, во духот на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам во Европа.
Основана во 2007 година, во Охрид, градот на УНЕСКО, што ги следи духовните визии на св. Кирил и Методиј, заштитиниците на Европа и нивните ученици св. Климент и св. Наум, ова меѓународно признание се издигна во светски рамки со престижните добитници кои ја пренесоа славата на Охрид, како словенски Ерусалим на сите Меридијани. Досегашни добитници се: Даисаку Икеда – Јапонија, Маноел де Оливеира – Португалија, Александар Сложеницин – Русија, Рави Шанкар – Индија, Питер Брук – Велика Британија, Вида Огњеновиќ – Србија, Херта Милиер – Германија и Светлин Русев – Бугарија.
Во писмото до претседателот на Интернационалното жири на Охридската академија на хуманизмот, Јордан Плевнеш, заблагодарувајќи се за наградата Џон Ралстон Сол пишува дека е вонредно почестен да се вброи во плејадата на големите имиња од светската култура, кои ја добиле оваа награда, која доаѓа од градот Охрид, којшто е олицетворение на хуманизмот низ вековите.
Џон Ралстон Сол, чија што книга „Смртта на глобализацијата”, како бестселер е објавена на повеќе од 60 јазици во светот, ќе допатува во Македонија на 17 јануари, а свечената церемонија на доделување на наградата ќе се одвива на 18 јануари, во куќата на МАНУ Уранија во Охрид. Следните два дена, со оглед на тоа што ова е прва посета на претседателот на ПЕН во Македонија, Сол ќе се сретне со претставници на државниот врв и ќе посети поголем број културни и универзитетски установи во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


