
Британците овој Божиќ пазарувајќи на Интернет ќе потрошат околу 636 милиони фунти, објави телевизијата „Скај њуз“ врз основа на анкета на компанијата „Експериан“ и на асоцијацијата на онлајн трговци
Резултатите од анкетата покажуваат дека Британците на тој ден ќе посетат вкупно 142 милиони пати сајтови кои нудат можност за купување преку Интернет.
Оваа година во предпразничниот период Британците потрошија 5,2 отсто повеќе од минатата година.
На крајот од 2014 година продажбата на мало се очекува да се искачи на 342 милијарди фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


