
Уникатни производи на компанијата за накит „Фаберже” се украдени од аукциската куќа „Кристи” во Лондон, пренесоа агенциите.
Грабежот е извршен во текот на ноќта на 7 декември по продажбите за Неделата на руското уметност во Лондон. Крадците отвориле најмалку еден сеф и одзеле скап накит и антиквитети, меѓу кои ретки уметнички дела на Фаберже.
Неофицијално, станува збор за предмети во вредност од 1,5 милиони долари. Според експертите кражба од складишта на аукциската куќа е нешто исклучително тешко што може да се изведе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


