| четврток, 6 декември 2018 |

Две години затвор и една година забрана за дејност за Стојовски

основен суд 1Марјан Стојовски, раководител на операциските сали на Клиниката за гинекологија и акушерство, поранешен директор на истата клиника, е осуден на казна затвор во траење од две години, како и казна забрана на вршење на дејност во траење од една година, но времето минато зад решетки не се смета во таа тазна.

Оваа пресуда, втора за случајот од 2010 година кога Стојовски беше уапсен под сомнение дека примил 120.000 денари мито, доаѓа откако првостепената пресуда, затворска казна од две години, одбраната ја обжали, а апелација ја надгради со дополнителна една одина забрана за вршење дејност.

На оваа одлука, адвокатите на Стојовски ја обжалија пред Врховните судии, кои пак, случајот го вратија во првостепена постапка.

Марјан Стојовски, според МВР, во 2010 побарал и зел поткуп од скопјанец чија сопруга тој требало да ја оперира. Беше уапсен на работното место, а при претресот во неговата канцеларија биле најдени околу 45.000 денари што тој ги добил како поткуп.

Стојовски при преглед на скопјанка констатирал тумор на матката и во разговор со неа и побарал 2.000 ера за да ја оперира. Таа се конслутирала со сопругот, кој се согласил да му дадат поткуп. Стојовски побарал парите да му бидат дадени во три наврати. Откако двапати веќе платиле по 40.000 денари, сопругот решил да го пријави случајот во полиција. Таму тој ги добил упатствата како да постапува и, откако ја договорил последната средба, од нив добил 40.000 денари, кои претходно биле обележани, а сериските броеви фотокопирани. Кога парите биле оставени во канцеларијата на гинекологот, кратко време потоа упаднале неколку полициски инспектори, кои веднаш ги нашле парите.

Докторот беше и под истрага на УЈП, која ги проверуваше неговиот имот и потеклото, бидејќи тој во анкетниот лист не навел речиси ништо. Стојовски тогаш се бранеше дека истрагата е монтирана, бидејќи тој бил истакнат член на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top