| четврток, 6 декември 2018 |

Елтон Џон го продава своето „ферари“

elton-john-ferrari-512-tr-2

Идната недела на аукција во Лондон ќе се најде автомобилот „ферари 512 тестароса“, кој бил во сопственост на пејачот сер Елтон Џон до 2001 година.

Автомобилот има поминато само 2.900 километри и поседува сервисна книшка поради што се очекува да привлече големо внимание на аукцијата.

„Ферарито“ се проценува на 100.000 евра, а новиот сопственик ќе добие и сопственички лист со потписот на сер Елтон Џон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top