Каролина Гочева на најдобар начин покажа дека токму таа ја има најпозитивната публика, дека е меѓу малкуте македонски пејачки кои можат да ја преполнат „Борис Трајковски“ на солистички концерт . На синоќешниот концерт докажа дека имаат неверојатна поврзаност со своите фанови. Фанови кои од стартот па се до крајот на концертот во еден здив џускаа и ги пееа познатите рефрени од нејзините песни од проектот “Македонско девојче 2“. Повеќе од 8.000 посетители беа дел од славеничката фешта на Каролина која успеа да го разнежни цело Скопје. Во публиката забележавме голем број нејзини пријатели и познати личности од естрадата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




