| четврток, 6 декември 2018 |

Десеткуваниот МЗТ Скопје загуби од шампионот Цибона

Десеткуваниот состав на МЗТСкопје го претрпе осмиот пораз во Јадранската лига на гостувањето во Загреб кај Цибона. Актуелниот шампион  на АБА лигата славеше со 70-61, во меч во кој гостите од Скопје имаа предност до стартот на последната четвртина, но сепак со пораз се враќаат дома.

Kosarka MZT Zadar 15 (Custom)

МЗТ го почна мечот без домашен играч во стартната петорка, а по 30 минути игра водеше со 56-54. Кога се одлучуваше победникот македонскиот првак не беше на потребното ниво и Цибона ја искористи шансата за нова победа. Најефикасен кошаркар беше Лалиќ кај Цибона, додека кај МЗТ Скопје Диксон уфрли 18 поени. Во составот на Цибона играше и Владо Илиевски, кој постигна 5 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top