| четврток, 6 декември 2018 |

Шалтерите на Катастарот викендов ќе работат до 19 часот

катастар

Шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижности, утре и задутре ќе работат од 8:30 до 19:00 часот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.

Катастарот ќе работи за време на викендот за да им овозможи на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување на барање за приватизација на дворните места.

Рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места истекува на 15 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top