Настрада и зградата во која живее пратеничката Љубица Буралиева. Откако пред една недела влезната врата од нејзиниот дом беше уништена со погрден натпис, вчера се појави нов натпис и на зградата каде што живее семејството на пратеничката која во Собранието влезе како пратеник на СДСМ.
Откако не ја послуша партиската одлука да не се прифати мандатот, таа беше исклучена од партијата и сега е независен пратеник. За разлика од неа, и уште две пратенички од опозицијата, останатите седеа дома и земаа пратеничка плата.
Случајот со новиот графит е пријавен во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




