| четврток, 6 декември 2018 |

Не дебелее десертот, туку времето

ciganska tortaВообичаена практика е десертот да се служи по главното јадење, но една нова студија покажува дека таа навика е погрешна.

Експертите велат дека е најдобро десертот да се „прескокне“, но ако тоа е невозможно, тогаш тие препорачуваат барем да се јаде во „вистинското време“.

Имено, според истражувањето на група британски научници, „најдобро време“ за јадење на десертот е пред главното јадење. Според нив, доколку со десертот го јадеме пред главниот оброк, тогаш мозокот побрзо ќе добие информација дека е внесено доволно количество глукоза и побрзо ќе почуствуваме ситост.

Консумирањето на десерт по главното јадење има спротивен ефект бидејќи на мозокот му е потешко да одреди кога е внесено доволно количество глукоза, па по оброкот се добива чувството дека сакаме да „каснеме“ и нешто слатко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top