| четврток, 6 декември 2018 |

Високиот влог со аферата „Пасош“

Ни­кој не мо­же да ги раз­де­ли це­лос­но афе­ра­та „Па­со­ши“ и „бом­ба­та“ нај­а­ву­ва­на од опо­зи­ци­ја­та. Но, вло­гот овој пат е на­ви­сти­на огро­мен. Пр­во, во игра е нај­го­ле­ма­та при­до­би­вка од до­се­гаш­ни­те евро­ин­те­гра­ции - виз­на­та ли­бе­ра­ли­за­ци­ја. За­тоа, МВР мо­ра да ги рас­чи­сти на­во­ди­те за фа­бри­ку­ва­ње пат­ни ис­пра­ви. Вто­ро, до­кол­ку опо­зи­ци­ја­та оста­не на те­за­та „не­поз­нат из­вор“, „бом­ба­та“ ќе ѝ експ­ло­ди­ра в ли­це, пре­тво­рај­ќи ги во ов­чар­че­то кое ви­ка­ло: „Волк, волк!“

Да сме на чи­сто, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ги ужи­ва при­до­би­вки­те од виз­на­та ли­бе­ра­ли­за­ци­ја најм­но­гу за­ра­ди ис­пол­ну­ва­ње­то на тех­нич­ки­те ус­ло­ви од шен­ген-зо­на­та, по­ста­ве­ни за за­шти­та на неј­зи­ни­те др­жа­ви-член­ки. Се­кое сом­не­ва­ње на зло­у­по­тре­ба на пат­ни­те ис­пра­ви прет­ста­ву­ва опас­ност за вра­ќа­ње на виз­на­та ба­ри­е­ра. Она­ка ка­ко што бра­нот ба­ра­те­ли на азил од Бал­ка­нот – лаж­ни или не – им доз­во­ли на про­тив­ни­ци­те на про­ши­ру­ва­ње­то на Европ­ска­та уни­ја, на оние кои со сом­неж и со не­до­вер­ба гле­даа(т) кон За­пад­ни­от Бал­кан, да го вмет­нат за­штит­ни­от ме­ха­ни­зам кој пред­ви­ду­ва сус­пен­зи­ја и уки­ну­ва­ње на ли­бе­ра­ли­за­ци­ја­та.

Не­о­дам­неш­но­то об­ја­ву­ва­ње ин­фор­ма­ции, по­ткре­пе­но со ви­де­ос­ним­ка и со фо­то­гра­фии, де­ка ма­ке­дон­ска­та пат­на ис­пра­ва се фа­бри­ку­ва во „до­маш­ни ус­ло­ви“, и тоа во „не­о­гра­ни­че­ни ко­ли­чи­ни“, им ја отво­ра уста­та ток­му на тие што са­ка­ат да ја ви­дат Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја зад ѕи­дот. При­тоа, не смее да се за­бо­ра­ви де­ка си­те афе­ри, афе­рич­ки и со­стој­би во зем­ја­ва буд­но се сле­де­ни од нај­го­ле­ми­от ак­це­ле­ра­тор на тие ин­фор­ма­ции и про­це­си кон европ­ски­те ин­сти­ту­ции – со­сед­на Гр­ци­ја.

За при­до­би­вки­те од виз­на­та ли­бе­ра­ли­за­ци­ја не тре­ба да се збо­ру­ва мно­гу. До­вол­но е тоа што го не­ма ома­ло­ва­жу­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­те др­жав­ја­ни, кое сли­ко­ви­то бе­ше до­ло­ве­но со ми­ни-кон­цер­ти на игра­ор­ни­те гру­пи пред кон­зу­лар­ни­те пор­ти. Исто та­ка, не тре­ба да се доз­во­ли да се игра на кар­та­та де­ка во европ­ски­те ин­сти­ту­ции би надв­ла­де­а­ле ал­тру­из­мот и европ­ска­та иде­ја. На бри­сел­ски­те ад­ми­ни­стра­тив­ци во­оп­што не им е спор­но тоа што „на­ре­ди­ја“да се вра­ќа­ат од авто­бу­си­те на гра­нич­ни­те пре­ми­ни си­те што „изг­ле­да­ат сом­ни­тел­но“ (чи­тај: Ро­ми­те), кол­ку со тоа да се кр­шат еле­мен­тар­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва.

От­ту­ка, ве­ру­ва­ње­то за ви­со­ки­те стан­дар­ди на ма­ке­дон­ски­те пат­ни ис­пра­ви се­га не тре­ба да се до­ка­же са­мо за­ра­ди вна­треш­но­по­ли­тич­ка­та бор­ба – она­ка ка­ко што до­маш­на­та јав­ност го при­фа­ти слу­ча­јот „Па­со­ши“ – ту­ку и за­ра­ди за­др­жу­ва­ње на ви­со­ко­по­ка­жа­на­та про­фе­си­о­нал­ност на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции и на го­ле­ми­те по­фал­би за ви­со­ки­от сте­пен на за­шти­та вгра­ден во ма­ке­дон­ска­та пат­на ис­пра­ва. А, нај­до­бра­та „од­бра­на“ се­га е са­мо бр­зо рас­чи­сту­ва­ње на афе­ра­та ли­фе­ру­ва­на од не­дел­ни­кот „Фо­кус“, со ма­те­ри­ја­ли­те до­би­е­ни од „не­поз­нат сто­ри­тел“.

 

Ефе­кти во вна­треш­на „бор­ба“

Искре­но го­во­реј­ќи, ни­ко­го во др­жа­ва­та не го из­не­на­ди та­кви­от раз­вој на на­ста­ни­те по тол­ку дол­го нај­а­ву­ва­ни­те „бом­би“ и „бом­бич­ки“ од опо­зи­ци­ја­та и од про­о­по­зи­ци­о­не­ри­те. Отка­ко ста­на јас­но де­ка СДСМ не­ма еден единс­твен слу­чај – на­ре­че­те го до­каз, афе­ра, кое би­ло име за фор­ми на при­ти­сок кон вла­ста – јас­но бе­ше де­ка ќе се пре­диз­ви­ку­ва­ат по­ве­ќе „по­жа­ри“ на по­ве­ќе по­ли­ња, со што би би­ле за­сег­на­ти по­ве­ќе цел­ни гру­пи во јав­но­ста. И не е за из­не­на­ду­ва­ње ако по си­те овие го­ди­ни опо­зи­ци­ја­та се се­ти на кој на­чин да го над­ми­не не­до­сти­гот од ма­сов­ност за да мо­же да „искам­чи“ по­до­бра по­зи­ци­ја во т.н. ба­ра­ња за пре­го­во­ри. За тоа, пак, кои се при­чи­ни­те за таа со­стој­ба – над­вор од ин­сти­ту­ци­и­те, без под­др­шка ни­ту од јав­но­ста ни­ту од тол­ку вос­пе­ва­ни­от „ме­ѓу­на­ро­ден фа­ктор“ – во овој текст не­ма ме­сто, ни­ту по­тре­ба да се на­вра­ќа­ме.

Та­ка, на оваа „си­гур­на ин­фор­ма­ци­ја“ до ре­дак­ци­ја­та на не­дел­ни­кот „Фо­кус“ не мо­же да се гле­да по­и­на­ку и над­вор од таа днев­но-по­ли­тич­ка сце­на. Ква­ли­те­тот на фо­то­гра­фи­и­те, ви­де­ос­ним­ка­та и нив­на­та ве­ро­до­стој­ност им се сом­ни­тел­ни на се­кој што по­дол­го вре­ме е акти­вен на со­ци­јал­ни­те мре­жи. На­пра­ве­на со мо­би­лен те­ле­фон, сним­ка­та тре­ба да при­ка­же на­вод­на до­маш­на „ра­бот­на ат­мо­сфе­ра при фа­бри­ку­ва­ње ма­ке­дон­ски па­со­ши“.Не во де­лот на тоа да­ли ко­ри­ци­те би­ле ви­сти­ни­ти ко­ри­ци од пат­ни­те ис­пра­ви, да­ли про­гра­ма­та на комп­ју­тер­ски­от мо­ни­тор е „фо­то­шоп“, ту­ку во ау­ди­о­де­лот. Во нај­ма­ла ра­ка, ау­ди­о­то изг­ле­да ка­ко од ама­тер­ски учи­лиш­ни ви­деа на­пра­ве­ни за под­бив. На по­че­то­кот на сним­ка­та, око­лу пет­та­та се­кун­да, се слу­ша ма­шки глас кој ка­ко да че­ка сиг­нал и пра­шу­ва „Мо­жи?“, а кра­тко по­тоа гла­сот поч­ну­ва да да­ва на­вод­ни на­ред­би:

„А, бе кој ќе се рас­пра­ва со нив, а бе мај­ка­та нив­на ко­му­ни­стич­ка, бе … а бе слу­шај, ај бе та­му, а бе ба­та­ли ги та­му, што ги она­диш… Дај­те, ај со­бе­ре­те се, ај­де ти, ти, то, то… Дај ра­бо­ти, ај­де. До­те­ру­вај ги ра­бо­ти­те, не­ка одат ра­бо­ти­те та­му… Шо е то?… Ма не ги шај­кам ич… Ај, те­рај­те, те­рај­те, дај шо тре­ба да ра­бо­ти­те… Ај­де, во­зи!“, ве­ли ма­шки­от глас.

Ни­ту се спо­ме­ну­ва име ни­ту кон­крет­но дејс­тво. Наг­ла­се­на­та „мај­ка ко­му­ни­стич­ка“ тре­ба да да­де на­со­ка де­ка се ра­бо­ти за „твр­до­кор­ни што не шај­ка­ат“, ка­ко по­ткре­па на те­за­та де­ка се пра­ват фал­си­фи­кат-до­ку­мен­ти за, ка­ко што ве­ли во те­за­та „Фо­кус“, да се на­пра­ват из­бо­рен фал­си­фи­кат. Ток­му тој дел на тек­стот, ка­де што се „те­ра во­да­та“ де­ка тие би­ле упо­тре­бе­ни за кре­и­ра­ње лаж­ни из­бор­ни ре­зул­та­ти, ја по­вр­зу­ва афе­ра­та со „бом­ба­та“ на ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев. По­да­то­ци­те на фо­то­гра­фи­и­те, пак, по­ка­жу­ва­ат де­ка се на­пра­ве­ни не­кол­ку ме­се­ци по из­бор­ни­от про­цес во Ма­ке­до­ни­ја. На об­ја­ве­ни­те фо­то­гра­фии и на ви­де­ос­ним­ка­та ја не­ма ма­ши­на­та ко­ја би тре­ба­ло да те­жи осум то­на. Има но­жич­ки, ку­ти­ја пол­на со на­вод­ни изра­бо­те­ни па­со­ши, не­кол­ку ко­ри­ци, дел од не­ко­ја ма­ши­на за ко­ја се прет­по­ста­ву­ва де­ка е за се­че­ње хар­ти­ја, пар бо­си сто­па­ла… Тоа, пак, на­ве­ду­ва де­ка без до­пол­ни­тел­ни „до­ка­зи“ на се­то тоа мо­же да се гле­да ка­ко на „арт ви­део“ изра­бо­те­но од пе­де­се­ти­на чле­но­ви на не­кое друш­тво, не­ко­ја ор­га­ни­за­ци­ја, по­ли­тич­ка пар­ти­ја, за да пре­диз­ви­ка не­ка­ков ефект и сом­неж за из­бор­ни­от про­цес.

До­кол­ку и на­ви­сти­на опо­зи­ци­ја­та е уве­ре­на во до­ка­зи­те на из­не­се­ни­те об­ви­ну­ва­ња, за кои збо­ру­ва­ше уште по пр­ви­от круг на из­бо­ри­те, пра­ша­ње е зо­што та­кви­те „бом­би“ не се „фр­ла­ат“ од со­бра­ни­ска­та го­вор­ни­ца ко­ја ну­ди иму­ни­тет на­ме­сто да се иско­ри­сту­ва уг­ле­дот на еден ме­ди­ум. Тоа мо­же да го од­го­во­ри са­мо ра­ко­водс­тво­то на опо­зи­ци­ја­та.

 

„Волк, волк…“

А, до­кол­ку ова е дел од „бом­ба­та“, сти­лот на прет­ста­ву­ва­ње мно­гу ли­чи (по кој ли са­мо пат) на ре­а­ли­за­ци­ја­та на сло­ве­неч­ко­то де­ло пла­те­но со на­род­ни па­ри, пла­нот „На­деж“ – три­би­ни­те низ др­жа­ва­та, на кои се по­ка­жу­ва „си­ла­та“, ед­но­не­дел­ни­те „ан­ти­фа­ши­стич­ки“ за­фа­ти за обе­ле­жу­ва­ње на­ме­сто од­бе­ле­жу­ва­ње, три­би­ни­те за ГТЦ, ме­ди­ум­ски­те тек­сто­ви, па и за­ка­ни­те од ко­а­ли­ци­ски­те парт­не­ри и ди­рект­ни­те ко­лум­ни­стич­ки по­ви­ци за линч „со пер­о“. Но, и по­крај кре­и­ра­ње­то на се­вкуп­на­та ат­мо­сфе­ра, се­ка­ко на­до­пол­не­та со „па­со­шка­та“ сним­ка, за по­ли­тич­ка бор­ба не­до­сти­га глав­на­та пој­дов­на точ­ка – по­ли­тич­ка пла­тфор­ма, про­гра­ма, ка­ко гра­ви­та­ци­ско по­ле кое би ја пов­лек­ло јав­но­ста. Сè дру­го ќе по­ми­не ка­ко афе­ри­те за не­ка­ков љу­бо­вен три­а­гол­ник од жол­ти­от пе­чат. И до­кол­ку таа ат­мо­сфе­ра, спо­ред жел­би­те на опо­зи­ци­ја­та, пре­диз­ви­ка ефект на но­ви из­бо­ри, по­втор­но „сврз­но­то тки­во“ во вид на пла­тфор­ма со ре­ше­ни­ја за по­до­бар жи­вот, кое не­до­ста­су­ва, ќе на­пра­ви раз­ли­ка во гла­со­ви од око­лу 200 ил­ја­ди гла­са­чи. А тол­ку па­со­ши, да би­де­ме ре­ал­ни, не мо­же да фа­бри­ку­ва ни­ед­на „при­ват­на ин­ду­стри­ја“. Или, „по­втор­но ќе за­гу­бев­ме, ама не тол­ку“, ка­ко што по­со­чу­ва­ше За­ев.

Но, да се вра­ти­ме на по­че­то­кот, за мож­ни­от над­во­ре­шен ефект кој би им на­нел ште­та на си­те, не са­мо на по­ли­тич­ки­от не­при­ја­тел на опо­зи­ци­ја­та – вла­ста или нај­пре­циз­но ВМРО-ДПМНЕ. До­кол­ку та­кви­те афе­ри не се по­ткре­пе­ни со ре­ле­вант­ни до­ка­зи, со кои ма­ке­дон­ски­те ин­сти­ту­ции би ја из­ва­ди­ле на по­вр­ши­на ре­ал­на­та сли­ка, да ги из­не­се ви­нов­ни­ци­те пред ли­це­то на прав­да­та – тие што (до­кол­ку) на­ви­сти­на фа­бри­ку­ва­ле или, пак, тие што кре­и­ра­ле лаж­на сли­ка за фа­бри­ку­ва­ње­то, то­гаш вло­гот на опо­зи­ци­ја­та и на неј­зи­ни­те под­др­жу­ва­чи е мно­гу ви­сок. Последиците ќе ги сно­сат си­те гра­ѓа­ни, а најм­но­гу опо­зи­ци­ја­та ко­ја лес­но би го нав­лек­ла гне­вот кон се­бе.

Еден ва­ков сли­чен воск­лик за бом­ба им пук­на в ли­це на опо­зи­ци­о­не­ри­те. Втор та­ков обид ќе ги пре­тво­ри во лик од при­каз­на­та за ов­чар­че­то кое за за­ба­ва го бу­дел це­ло­то се­ло ви­кај­ќи: „Волк, волк…“.

 

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 118. број на неделникот „Република“, 5.12.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top