Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер смета дека основна причина за сопирање на проектот Јужен тек е тоа што Европската унија постојано сакаше да ја спречи неговата изградба.
Шредер оваа го кажал на затворениот состанок на руско-европскиот деловен круг во Москва, пренесе агенцијата Тас.
-Го разбирам Гаспром кој со поддршка на рускиот претседател објави дека отстапува од изградбата на гасоводот. Зошто? Најзначајна причина е тоа што Европската унија постојано настојуваше да ја спречи изградбата на Јужниот тек, на почетокот со помош на гасоводот Набуко, кој поради ризик беше „погребан“, а подоцна и со помош на бирократски трикови, рече Шредер.
Тој како пример ја посочи Бугарија врз која ЕУ вршеше притисок кој на крајот резултираше со тоа што Бугарија не ги даде потребните дозволи.
-Знам што тоа значи бидејќи работам во Северниот поток. Секој ден доцнење чини пари. Затоа ми е јасно, иако не ми е драго, зошто е Јужниот поток сопрен, рече Шредер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


