Њујоршкиот банкарски регулатор започна истрага околу алгоритамот што го користат Дочје банк и Барклис на своите трговски платформи заради можна манипулација со валутните курсеви, дознава „Ројтерс“ од неименуван извор кој е запознаен со ситуацијата.
Првиот човек на њујоршкиот оддел за финансиски услуги (DFS) Бенџамин Лавски побара во „Дојче банк“ да се постави надзорник, а еден во „Барклис“ веќе бил поставен, што е потег што ќе му овозможи да собира повеќе материјал за наводната манипулација, додава изворот.
Портпаролот на „Дојче банк“, Рене Калабро одби да го коментира ова и го повтори претходното соопштение во врска со истрагата.
-„Дојче банк“ доби барање за информации од регулаторите кои го истражуваат тргувањето на девизните пазари. Банката соработува во та истрага“, повтори Калабро.
Од „Барклис“ исто така одбија да коментираат. Минатиот месец регулаторите казнија шест банки со вкупно 4,3 милијарди долари бидејќи не ги спречиле трговците во манипулациите со девизните пазари. „Дојче банк“ и „Барклис“ не беа меѓу казнетите банки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Ројтерс“: Турција има снимка од убиството на саудискиот новинар
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Се нудат на продажба: Банките им ги лапнаа хациендите и фирмите на познати македонски политичари и бизнисмени
-
НБРМ: Политичката криза и забавената економија ја намалија активноста во банките


