Дејвид Летерман на 20 мај за последен пат ќе го води „Лејт Шоу“, соопшти телевизијата „Си-Би-Ес“.
– Дејвид Летерман ни даде извонредни достигнувања и креативност која никогаш нема да биде заборавена – изјавил претседателот на „Си-Би-Ес“, Лесли Мунвис.
– Ќе биде тешко да се простиме, но знам дека со љубов ќе се сеќаваме на сите емисии.
По повеќе од 32 години доцни разговори, Летерман (67) минатиот април соопшти дека планира да се пензионира, а како негова замена во „Си-Би-Ес“ го одбра Стивен Колберт, кој идната недела ќе ја води последната епизода од неговото шоу „Колбертовиот извештај“.
Летерман со своето вечерно шоу дебитираше на „Ен-Би-Ес“ на 1 февруари 1982 година. На „Си-Би-Ес“ дојде во 1993 година кога „Ен-Би-Ес“ го одбра Џеј Лено наместо него како наследник на Џони Карсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.