| четврток, 6 декември 2018 |

Родени со физички деформитети, но тоа не ги спречило да станат славни

Дури и најсовршените холивудски глумци и пејачи во реалноста не се така идеални како на екранот. На насловните страници од магазините сите се убави и совршени, но во реалноста некои од нив за кои сте мислеле дека се идеални, имаат физички деформитети. Познато е дека Елизабет Тејлор имала нарушување поради кое ѝ растеле два реда трепки, но денес тоа е нормално, па на ѕвездите им лепат трепки.

Хоакин Феникс

PHEONIX

Познато е дека Хоакин има лузна над усната. Тој тврди дека неговата мајка почувствувала остра болка за време на бременоста и дека како последица на тоа, тој се родил со лузна, но не објаснил ниту како ниту зошто. Без разлика на тоа, неговиот изглед му донел голем број добри улоги, а изгледа дека таа лузна воопшто не му пречи.

Енди Гарсија

endi garsija

Енди Гарсија направи кариера во Холивуд, на која многумина можат да му позавидат, но малкумина се тие што знаат дека тој всушност е роден со неразвиен сијамски близнак, кој му бил закачен на рамото. Неговиот близнак бил со големина на портокал и хируршки бил отстранет. Секако, Гарсија на тоа не се сеќава, но има лузна на рамото како спомен. Секако, ниту нему лузната не му одмогнала во кариерата.

Кеша

kesha_klinika

Популарната пејачка Кеша тврди дека е родена со опашка, Таа изјавува дека тоа било мала опашка, помала од еден сантиметар, но ѝ ја отсекле. Тоа се случило кога била многу мала, а пејачката, која понекогаш знае да биде многу чудна, изразила и одредена доза каење што веќе ја нема опашката.

Марк Волберг

mark volberg

Тој почнал како музичар, а завршил како еден од најбогатите глумци во Холивуд. Иако по него воздивнуваат многу жени, тие не знаат дека тој има трета брадавица. Тој и сам го признал тоа, а третата брадавица му се наоѓа веднаш под левата.

Каролина Куркова

karolina kurkova

Оваа манекенка и поранешен ангел на „Викторијас сикрет“ има една интересна тајна. Таа е родена со кила на папокот, па докторите веднаш ја оперирале и таа денес нема папок. На многу слики нејзиниот папок е дополнително вметнат со фотошоп, но на реивиите се гледа најзината мана.

Мила Кунис

mila kunis

Преубавата глумица има нарушување кое не е толку забележително, но е интересно. На Мила левото и десното око ѝ се со различна боја, едното е сино, а другото зелено. Ова нарушување се нарекува хетерохромија, но Мила не е единствена во светот на шоубизнисот. Да не ги заборавиме Дејвид Боуви и Кејт Босфорт.

Метју Пери

metju peri

На Метју Пери му недостасува врвот од неговиот среден прст.

Сил

Warner Music Group's 2011 Post GRAMMY Event - Arrivals

На лицето на пејачот има сипаничави лузни и тие се од состојба на кожата позната како дисковиден лупус еритематозус.

Џенифер Гарднер

Jennifer-Garner

Оваа глумица има преклопување на прстите на својата десна нога.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top