
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ најави дека ќе се донесе закон според кој младите возачи нема да можат да управуваат со возило од 23 часот навечер до 6 изутрина. Ова како што кажа се прави за да се спречат младите во алкохолизирана состојба да седнуваат во автомобил.
Во Србија во изминатите неколку месеци се случија неколку тешки сообраќајни несреќи во кои жртви беа токму млади луѓе. Најстрашната се случи пред десетина дена кога автомобил потона во Дунав, а возач беше неискусен тинејџер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


