Реал Мадрид поточно Кристијано Роналдо го победи тимот на Селта со 3-0 вечерва на Сантијаго Бернабеу. Сите три гола беа дело на виртуозот и најдобриот играч на светот беа дело на Португалецот.
Првиот гол беше постигнат од пенал во 36 минута откако се чини токму Роналдо тетрално падна во казнетиот простор.
Во вториот дел уште два гола на Роналдо. Во 65 минута тој по една грешка на одбраната ја искористи шансата и од прва шутираше успешно во мрежата на Селта. Третиот гол беше постигнат во 81 минута, а хек-трикот Роналдо го даде по асистенција на Марсело.
Со оваа победа Реал Мадрид се одлепи на табелата пред Атлетико Мадрид со четири и Барселона со пет бода која има натпревар помалку оној против Еспањол во градското дерби.
Во останатите денешни натпревари во Примера дивизија беа постигнати следните резултати:
Елче – Атлетико Мадрид 0-2, Атлетик Билбао – Кордоба 0-1.
Вечерва уште се игра натпреварот меѓу Ла Коруња и Малага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



