Актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити, со минимална победа од 1-0 против Евертон во 15 коло од англиската Премиер лига му се доближи на лидерот Челси на само три бода на табелата. По првиот пораз на Челси оваа сезона, шансата која им се отвори на избраниците на Мануел Пелгрини максимално ја икористија со едиствениот погодок на Јаја Туре од пенал во 24 минута. Ова беше тежок меч за „граѓаните“ против Евертон кој во текот на целиот натпревар беше рамноправен противник. Лесно можеше натпреварот да заврши без победник, но Лукаку не успеа да ја погоди целта во 82 минута.
Екипата на Стоук направи вистинска сензација победувајќи го Арсенал пред своите гледачи со 3-2.
По три порази во низа играчите на Стоук беа мотивирани да дојдат до позитивен резултат и тоа токму против Арсенал. Тоа го искористија и ја прекинаа црната серија. Питер Крауч го пистигна најбрзиот гол во Премиер лигата оваа сезона успешно стрелајќи во 19 секунда од натпреварот. Уште во првото полувреме Арсенал прими три гола и тоа Бојан Кркиќ во 35 минута и Волтер во самиот финиш од првиот дел.
Сепак, честа на гостите ја спасија Казорла и Ремзи и тоа за само две минути. Најпрвин Шпанецот реализираше пенал во 68-та минута, а подоцна Ремзи намали на 3-2. Шансите за избегнување на поразот на „топчиите“ им ги скрати Калум Чемберс, кој во 78-та минута заработи втор жолт картон и мораше да го заврши натпреварот.
Crouch Goooal (1:0) Stoke City vs Arsenal 06/12… by livegoals1
Bojan Krkic Goooal (2:0) Stoke City vs Arsenal… by livegoals1
Jonathan Walters 3-0 – Stoke – Arsenal 06.12… by livegooals
Ливерпул и Тотенхем и покрај безброј удари кон противничките голови не усепаја да постигнат погодок. Ливерпул одигра 0-0 со Сандерленд, на Енфилд Роуд, а со истиот резултат заврши и натпреварот Тотенхем – Кристл Палас.
Резултати: Њукасл – Челси 2-1, Хал – ВБА 0-0, Ливерпул – Сандерленд 0-0, КПР – Барнли 2-0, Стоук – Арсенал 3-2, Тотнем – Кристал Палас 0-0, Манчестер Сити – Евертон 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




