Иако има 41 година и четири породувања, Хајди Клум сеуште поседува неверојатно стегнато тело, со што може да ги засрами девојките кои се на половина од нејзината возраст. Топмоделот ја покажа својата совршена фигура пред неколку дена на плажа во Јамајка. Во моментов убавица се одмара од работните обврски во егзотичната земја заедно со своите деца и 28 годишниот пријател, Вито Шнабел.
Витката фигура на Хајди не е само последица на добар ген, но и резултат на напорни тренинзи и посебен режим на исхрана. Пред неколку години ѕвездата сподели дека кога морала да ослабне за некој ангажман, таа се обложува на таканаречената „зелка диета“. Исхрана вклучува кисела зелка , која Хајди ја обожава. Киселата зелка дури е повеќе корисна од свежата и во 300 гр. ја содржи дневната неопходна доза од витамин Ц, а млечната киселина, формирана при ферментацијата, го стимулира варењето. Исхрана на ѕвездата е комбинација од салати од кисела зелка со други јадења, повторно од истиот производ.
Ви нудиме и пример шема на зелка диета:
Појадок: овесна каша сварена со вода, овошје и една чаша чорба од зелка.
Ручек: кисела зелка, морков и јаболко, исецкани заедно на салата.
Вечера: супа од кисела зелка, супа со компири, магдонос и се разбира зелка.
Меѓу главните оброци, дозволена е зелка во неограничени количини. За три дена почитување на овој режим, можете да симнете до 3 килограми.
Друга омилена диета на Клум е „њујоршката“. Таа вклучува две фази, во првата се запира консумирањето на јаглехидрати, леб, макарони, ориз, дури и млечни производи. Забранети се и алкохолот и слатките десерти. Дозволени се рибата, зеленчукот (но без да содржат скроб). Самите оброци треба да се на три часа и во мали порции. Овој режим се почитува две недели. Во наредните две недели менито се збогатува со овошје (но само нискокалорично, односно без банани), житарици и обезмастен јогурт.
Идеален појадок за овој период е омлет од белки и зеленчук.
Совршен ручек, салата со туна или варено мисиркино месо.
Во текот на денот е дозволена консумација на ореви, а препорачаната вечера е супа од зеленчук.
Важно е да се напомене дека диетолозите советуваат, овој режим да не се прави често и за подолг временски интервал од наведениот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






