| четврток, 6 декември 2018 |

Плевнелиев посакува експертска влада како на Монти

росен плевнелиевБугарскиот претседател Росен Плевнелиев сака во Бугарија да биде формирана експертска влада, слична на онаа во Италија што беше предводена од Марио Монти.

– Сакам да работиме како што Монти успеа да направи во Италија. Треба да имаме повеќе амбиции освен организирање на претстојните избори на 12 мај и да ја надминеме малата криза – изјави Плевнелиев во интервју за австрискиот „Стандард“.

– Треба да ја искоритиме позитивната енергија што ја има во овој момент на улиците и во интернет-мрежата во Бугарија – додаде бугарскиот претседател.

Во неделата илјадници луѓе повторно протестираа во Софија и во повеќе други градови против сиромаштијата и корупцијата на политичката елита во земјата по повикот на групи од граѓанскиот сектор. Бугарија веќе четири недели секојдневно е потресувана од протести.

Утре треба да се именува новата служебна влада, посочува Плевнелиев. Таа ќе почне со работа веќе следниот ден, а парламентот ќе биде распуштен.

– Владата ќе биде составена од жени и мажи, кои сами си ја изградиле репутацијата и насобрале знаења и умеења – тврди бугарскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top