| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски со песна за новиот филмски хит „Ќе бидеме светски прваци“ (ВИДЕО)

Продукцијата што стои зад успешниот проект наречен „Монтевидео“, повторно ќе овековечи вистински спортски настани на големото платно, овој пат посветени на југословенската кошарка.

Филмот и серијата, „Ќе бидеме прваци во светот“, посветени на основачите на познатата југословенска школа на кошаркара и првиот златен медал освоен на шампионатот во Љубљана во 1970 година, почнаа со снимање во Белград.

1460215_708534145903639_8348178077912770246_n

Песната „Не могу против срца свог“ во изведба на Даниел Кајмакоски, е првата песна од овој голем филмски проект и е комплетно дело на Кики Лесендриќ.

10407607_708009155956138_6918099841678631295_n

Видеоспотот на песната е снимен на сценографијата од филмот, во романтична атмосфера на некогашните игранки на Калемегдан.

Во главните улоги на филмот ќе настапи дел од екипата на „Монтевидео“, а свои улоги ќе имаат многу балкански актери, меѓу кои и нашите Тони Михајловски и Сашко Коцев.

10801805_708447702578950_6692958073532454883_n

Некои сцени од филмот ќе се снимаат и во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top