
Втората проекција од „Зимската програма“ на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ ќе се одржи на 4 декември, со почеток во 20.30 часот на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде ќе биде прикажан филмот „Синема комунисто“ на Мила Турајлиќ.
Во рамките на „Зимската програма“ предвидено е да се прикажуваат документарните филмови од ризницата на „Македокс“ кои оставија најсилен впечаток кај фестивалската публика.
Документарниот филм „Синема комунисто“ (Србија / 2010 / 100’) на Мила Турајлиќ го истражува и митот кој ја создаде Југославија – нејзиниот претседател Јосип Броз Тито.
Сместен во топ-листите на „Вол стрит џурнал“ како филм кој не смее да се пропушти, ова наградувано остварување на Мила Турајлиќ, преку инсерти на десетина југословенски филмови, ексклузивни интервјуа и архивски снимки од филмски снимања и Титовите приватни проекции, создава слика за Југославија -онаа официјалната и скриената зад кулисите. „Синема Комунисто“ ги истражува митовите кои ги поддржувала Југославија, но и начинот на кој фикцијата и реалноста се разминуваат сè до конечниот колапс. Денес, од тоа се останати само сценографии во распаѓање, заборавени филмски студија и филмски инсерти за земјата која повеќе не постои.

Актерот Бата Живоиновиќ
Во филмот ќе ги слушнете приказните на Лека Константиновиќ, лично задолжен за филмските проекции на Тито цели 32 години и човек кој проектирал 8.801 филм за Тито, актерот Бата Живојиновиќ, лицето на Југословенската кинематографија и најпопуларен актер во Кина, режисерот Вељко Булајиќ, кој зборува за своите филмови, но и за постерите за неговиот филм номиниран за Оскар „Битката кај Неретва“, кои ги дизајнирал Пабло Пикасо.
Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ е основан во Скопје во 2010 година со цел да ја претстави и промовира креативната документарна филмска уметност. Зачнат со ентузијазмот на една група на доку-љубители, „Македокс“ за само пет години успеа да прерасне во национална, регионална и светски етаблирана филмска манифестација со над 80 проекции годишно, придружена со изложби, дебати, работилници, мастер-класови и музички настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македокс“: Главна награда „Кромид“ за најдобар филм ја доби „Далечниот лаеж на кучињата“на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт
-
Панел-дискусија со Вито Флакер, Дамијан Ненадиќ и Ана Замецка на „МакеДокс“
-
Студентската програма на „МакеДокс 9“
-
Избрани четири нови идеи за снимање документарен филм во рамки на проектот „Докуникулци“


