| четврток, 6 декември 2018 |

Сседумте ангели што ја подобруваат продажбата на „Викторија сикрет“ (фото)

10te-najseksi-angeli-na-victorias-secret-01

Луксузната марка за долна облека „Викторија сикрет“, денес  ќе ја снима годинашната модна ревија во Лондон. Се смета дека годишниот настан е во основата на генерираните продажби на„Викторија сикрет“ во вредност 6,6 милијарди долари. И додека во шоуто учествуваат 47 девојки, неколку од таканаречените ангели на „Викторија сикрет“, добиваат многу повеќе медиумско внимание од другите. Гигантот во сферата на луксузната долна облека е познат со педантноста при изборот на своите ангели: топ-моделки како Миранда Кер и Ерин Хедертон, во минатото се отстранувани, затоа што не ја продавале доволно долната облека. Во исто време, марката одби да ја ангажира Кејт Аптон бидејќи, според нејзините раководители, таа нема да им се допаѓа на клиентките на „Викторија сикрет“.

Еве кои се седумте ангели што ја подобруваат продажбата на „Викторија сикрет“ во моментов:

Лили Олдриџ

Лили Олдриџ

Лили Олдриџ

Дваесет и деветгодишната Олдриџ ја почна својата кариера како моделка на „Аберкромб и Фич“. Таа учествувала во шоуто на „Викторија сикрет“ во последните пет години. Убавата бринета е омажена за водачот на „Кингс оф леон“ Кејлеб Фоловил и двојката има две деца.

Кендис Сванапул

Кендис Сванапул

Кендис Сванапул

Дваесет и петгодишната Јужноафриканка е ѕвезда на марката во последните две ревии, а минатата година го носеше популарниот градник на „Викторија сикрет“- „фантази бра“. Многу обожаватели сметаат дека таа е иднината на марката.

Бехати Принслу

Бехати Принслу

Бехати Принслу

Принслу има 25 години и редовно дефилира на ревиите на „Викторија сикрет“ од 2007 година. Таа е омажена за водачот на „Марун 5“ , Адам Левин.

Алесандра Амбросио

Алесандра Амбросио

Алесандра Амбросио

Амбросио е бразилска моделка, која ќе го носи дијамантниот градник „фантаси бра“ на овогодинашното шоу. Амбросио има 33 година и се приклучи на марката во 2004 година. Таа има две деца од бизнисменот Џејми Мазур. Адријана Лима, бразилската моделка Лима, исто така, има 33 година и , исто така, ќе го носи „фантаси бра“ оваа година. Таа е моделка на компанијата од 1999 година. Во 2014 година, Лима беше рангирана на второто место меѓу најдоброплатените моделки со приходи од осум милиони долари. Пред неа е само Жизел Бундхен. Таа има две деца од српскиот кошаркар Марко Јариќ.

Дауцен Крус

Дауцен Крус

Дауцен Крус

Крус има 29 година и е холандска моделка. Таа е дел од ангелите од 2008 година. Таа исто така учествувала во кампањи на „Лореал“ и „Тифани“. Крус е омажена за холандскиот уметник, диџејот Санери Џејмс. Нејзиното второ дете, ќерка, се роди во јуни.

Карла Клос

Карла Клос

Карла Клос

Клос има 22 години и е релативно ново лице на „Викторија сикрет“. Таа е многу добра пријателка со Тејлор Свифт, која ќе пее за време на шоуто. Клос, исто така, споделила дека еден ден сака да студира на Харвард. Поранешната балерина излегува со технолошкиот инвеститор Џошуа Кушнер .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top