| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Емигранти“ вечерва во охридскиот театар

27122012132419_emigranti

Претставата „Емигранти“ на текст на Славомир Мрожек, во режија на Ирена Стеријовска, вечерва со почеток во 20 часот ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодоровски, Адријана Билаловиќ и Билјана Билаловиќ.

Продуцент е Горан Стојаноски. Музиката е на Стрезо Стаматовски и на Ѓоко Алоски, а музичката изведба на Ѓоко Алоски.

Како основна тема е земено емигрантството, кое и денес е многу популарно.

Системот на емигрантство е многу популарен во светот, посебно во земјите од југоисточна Европа.Одиме за да заработиме, додека заработуваме ни е тешко и сонуваме за назад. Во основа таа тема е земена како матрица, а, од друга страна, тоа се случува често и е мошне популарно – вели продуцентот на претставата Горан Стојаноски.

Според режисерката Стеријовска, Мрожек генерално се занимава со човечкиот и општествениот апсурд. Човекот како индивидуа го сместува во одредени апсурдни околности, при тоа не по некаков шекспировски тек,  по игра на случајноста, туку човекот сам се сместува во апсурдните услови.

Сценографијата е на Владимир Ѓорески-Рафик, а костимограф на Кристина Мукоска-Затуроска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top