Вчеравечер, 15 минути по полноќ, во полициската станица во Куманово 21-годишната Д.Ј. го пријавила нејзиното поранешно момче Ф.М. Тој неколку часа претходно, околу 19 часот, ја пресретнал и насилно ја внел во куќата на неговата баба каде што физички ја нападнал.
Пријавениот ѝ се заканил дека ако не ја продолжат врската, ќе ја убие. Од здобиените удари, на Д.Ј. ѝ се слошило и паднала на подот, по што Ф.М. ѝ дозволил да излезе надвор, а таа ја искористила шансата и избегала.
По укажана лекарска помош, на оштетената ѝ се констатирани телесни повреди.
Од МВР информираат дека Ф.М. е приведен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поденсок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.