| четврток, 6 декември 2018 |

Декември почнува облачно и магливо

esenПрвиот декемвриски ден, а воедно и првиот ден од метеорoлошката зима, накусо кажано, нема воопшто да личи на ран зимски ден. Воглавно магливо и со ниска облачност наутро, а облачно преку ден, тоа е генералната слика за понеделник. Врнежи ќе има, но ќе бидат сосема слаби, локални и повремени. Во текот на денот ќр дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено долж Повардарие.

Според метеопро.мк, максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 11°С низ поголем дел од котлините. Топло ќе биде и на повиските места каде максималната температура ќе има вредност околу 9°С.

Во скопската котлина се очекува облачно време со слаба магла наутро. Ќе има услови за сосема слаби и повремени врнежи од дожд. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 11°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top