| четврток, 6 декември 2018 |

Римската волчица пресилна за Интер

Рома го доби дербито во Серија против Интер со 4-2 и остана во трката за титулата со лидерот Јувентус. Домаќините постигнаа 4 гола, двојно повеќе од тимот од Милано и ја задржаа втората позиција на табелата со 31 бод, три помалку од лидерот и актуелен шампион Јувентус.

Пјаниќ на двапати, Жервињо и Холебас по еднаш беа прецизни и го совладаа Хандановиќ за триумф на римската волчица. За Интер стрелци беа Ранокија и Освалдо.

roma

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top