Андреа Пирло е ветеран, играч што има полни 35 години, но уште еднаш покажа дека е вистински фудбалски виртуоз во градското дерби меѓу Јувентус и Торино.
Со прекрасен погодок во 93. минута тој и донесе победа од 2-1 на старата дама, иако во тие моменти Јувентус играше со фудбалер помалку, по исклучувањето на Лихштајнер.
Пирло со вистински проектил погоди во самиот финиш за нова победа на „црно-белите“ и задржување на врвот со 34 бода, 6 повеќе од Рома, екипа што вечерва го игра дербито против Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



