Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша федерален закон „За развој на Кримскиот федерален округ и слободна економска зона на територијата на Република Крим и градот од федерално значење Севастопол“
Документот е објавен денеска на официјалниот портал за правни информации. Објавен е и потпишаниот од шефот на државата закон за внесување измени во серија законски акти, неопходни во врска со усвојувањето на законот за создавање слободна економска зона на Крим. И двата текста беа усвоени во Државната дума на 21 ноември, а во сила влегуваат на 1 јануари 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


