| четврток, 6 декември 2018 |

Казна од 12.000 евра за ФФМ

­ Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) доби казна во висина од 12.000 евра од страна на телото на УЕФА за контрола, етика и дисциплина поради однесувањето на дел од навивачите, односно користење и употреба на ласери.

Ова се случило на квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2016 меѓу Македонија и Луксембург одигран на 9 октомври. Нашата репрезентација постигна победа од 3:2 на тој натпревар.

Следниот натпревар Македонија на домашен терен го игра на 27 март 2015 година, а противник ни е селекцијата на Белорусија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top